Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Холивудска ѕвезда сакал да види како изгледа да биде „обичен“ човек- не поминал добро

5 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во интервју за Vanity Fair, актерот изјавил дека отсекогаш сакал да доживее да биде непознат, па решил да ја проба маската. "Не се жалам, но имам лице кое е прилично препознатливо. Ставањето капа и наочари само до одреден степен ќе функционира", изјави Бејкон за Vanity Fair.

За да ја направи својата маска што е можно пореална, актерот добитник на Златен глобус посетил шминкер за специјални ефекти, кој ја создал неговата протетика. Со лажни заби, малку поинаков нос и очила, тој успеал да прошета низ The Grove во Лос Анџелес без никој да го препознае. И искуството не било толку пријатно како што мислел дека ќе биде.

„Луѓето некако се туркаа покрај мене, не беа фини. Никој не рече „те сакам“. Морав да чекам ред за, не знам, да купам кафе или што и да е. Реков: „Ова е сра*е. Сакам повторно да бидам славен“, изјавил актерот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kevin Bacon (@kevinbacon)

Имајќи предвид дека е активен во Холивуд од 1978 година, кога имал 20 години, не е изненадување што навикнал да живее како славна личност. Според ИМДБ, Бејкон има одиграно 91 улога до 2024 година, од кои најпознатата е секако во Footloose од 1984 година, каде што го игра главниот лик Рен Мекормак.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ