Во нејзиното последно видео, Анистон се појави во елегантен црн фустан со црвен ѓердан и црни апостолки додека им ја чита својата нова книга Clyde Takes a Bite Out of Life на своите четири кучиња.
Додека 55-годишната ѕвезда седела во дневната соба, нејзините кучиња мирно лежат спроти неа. Таа на обожавателите им откри интересни детали од својот дом, меѓу кои и винската соба покрај каминот, која го комплетира луксузниот амбиент. Сите знаеме колку е важен просторот за опуштање, а Анистон мајсторски успеала да го пренесе тоа.
Во видеото може да се забележи и висечката фотелја која повторно се враќа во мода. Големите прозорци од подот до таванот пропуштаат многу природна светлина, додека беж троседот и стаклената масичка за кафе со бројни книги го додаваат шармот на просторот.