Здравко Чолиќ во текот на животот го следеле приказни за љубовни афери, а често го поврзувале и со познати дами кои „паѓале“ на него. Откако се ожени и е во среќен брак со Александра од 2001 година, со која има две ќерки Уна и Лара, останува само да се зборува за минатите љубови.
Како што со години пишуваа медиумите, Чола наводно имал краткотрајна романса со пејачката на познатата група АББА, Ана Фрида Лингстад, во далечната 1973 година во Луксембург, непосредно пред неговиот настап на „Евровизија“, каде ја претставувал Југославија со песна „Гори ватра“.
„Се запознавме крај клавирот, насмевки и едноставни босански прашања -Ш'а има, стара“, се сеќава Чола за тоа кога и како ја запознал Фрида.
Како што признал неколку децении по краткотрајната романса, Чола се чувствувал „искористен како инстант-супа“.
Погледнете како изгледа Фрида денес:
„Ја запознав Фрида од АББА на Евровизија, каде на друго место? Потоа дојде поканата за викенд. Изгледаше ветувачко, но по целата таа тридневна идила, се чувствував искористено како инстант-супа. Ја готвиш за пет минути, ја јадеш топла и толку. И сè беше таму: и колиба, и камин, и свеќи, и цвеќиња, карирани завеси и чаршафи, печена риба во фолија со бадеми и есенцијални масла... Но, таа вистинска, единствена, луда страст, која се случува меѓу маж и жена, недостасуваше. Немаше спонтаност, па сè изгледаше како кога ќе закажете заеднички тренинг во теретана.
Меѓутоа, Чола неодамна во едно интервју открили дека не било баш така.
„О, тоа се машки финти! Жената не може да користи маж, тој секогаш ја користи неа“, изјавил Чола.