Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Брус Вилис ја исфрли Деми Мур од тестаментот, два пати го менувал

12 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Оваа болест го принудила да се повлече од светот на актерството, а во исто време влијаела и на неговиот секојдневен живот - му ги попречила комуникациските вештини и способноста за зборување. Со него е целото семејство, вклучувајќи ја и неговата поранешна сопруга Деми Мур, која му е голем поддржувач.

Иако се разведени, тие се во многу добри односи, поради што многумина беа изненадени од информацијата дека Брус ја повлекол Деми од својот тестамент.

Ѕвездата од серијата „Умри машки“ сѐ повеќе размислува за иднината, па дури и за тестамент. Така протече веста дека решил да ја исклучи Деми од тестаментот, а и освен тоа, односот меѓу поранешните сопружници е - добар.

Разбирливо е дека најголемиот дел од неговото богатство ќе оди на неговата сегашна партнерка Ема Хеминг и нивните две ќерки.

– Брус сака да биде сигурен дека неговите најмали ќерки се осигурани, а Румер, Скаут и Талула го добиле најдоброто од она што финансиски можел да им го понуди во текот на нивниот живот – рекол изворот, пренесува „Марка“.

Како што понатаму наведува изворот, кога Брус се оженил со Ема и добил ќерки, го променил тестаментот, а кога здравјето му се влошило, повторно го сменил.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ