Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Бред Пит и Анџелина Џоли одбија заедно да играат во филм- би добиле 60 милиони долари

17 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Но, според новите гласини и двајцата ја одбиле понудата.

Според Дејли Мејл, извор близок до Пит открил дека актерот не размислува за тоа. „Сите пари на светот не би го натерале Бред повторно да се појави во филм со Анџелина“, рекол изворот.

„Тоа дефинитивно би предизвикало јавен интерес, но тој не би го ни земал во предвид. Тие се непријатели во моментов и нема шанси Бред да се наведне и да прифати каква било сума за да разговара со Енџи пред камера“, додал изворот.

Друг извор тврди дека ниту Анџелина не е заинтересирана, но и дека продуцентот Дени Роснер никогаш не дал вистинска понуда. Исто така, се тврди дека сè е дизајнирано како „вешт маркетиншки трик“ и дека никој од нив не би ни помислил на тоа.

Потсетуваме, Роснер неодамна изјави дека Бред ќе заработи околу 37 милиони долари, додека Анџелина околу 22 милиони долари. Тој откри и некои детали за заплетот на филмот.

Станува збор за вистинска љубовна приказна од Втората светска војна сместена во хотелот Мартинез во Кан, Франција. Бред ќе го играше Емануел Мартинез, сопственик на хотелот, а Анџелина неговата љубовница и муза Ема Дигард.

Бред и Анџелина првпат се појавија заедно на екранот во 2005 година, кога го снимија филмот Господин и госпоѓа Смит. Таму глумеа сопружници кои се непријатно изненадени кога сфаќаат дека и двајцата се платени да се убиваат. Тие се заљубиле за време на снимањето на тој филм.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ