Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Жена поради сос од домати завршила во затвор- го пропуштила роденденот на детето и добила отказ

3 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Полицајката забележала „сомнителна лажица“ во нејзиното возило и заклучила дека во неа има „остатоци од метамфетамин“.

Ова се случило на 02.07.2014 година, а девојката била задржана до доаѓањето на лабораториските резултати.

Необичниот случај е актуелен на мрежите и уште еднаш започна бурна дискусија.

Кога полицаец во округот Гејнсвил (Флорида) ја нашол лажицата во возилото, Ешли се обидела да објасни дека тоа е преостанат сос од домати, но безуспешно.

По еден месец пристигнал лабораторискиот извештај кој ги потврдил нејзините тврдења, па била пуштена на слобода. Сепак, драмата имала свои последици.

Ешли не само што го пропушти роденденот на своето дете, туку и остана без работа во ресторанот „Вафл Хаус“.

Тогаш девојката размислувала за тужба против полициската управа, а не се знае дали таа некогаш го покренала процесот, пренесува Унилад.

Помошникот јавен бранител Крис ван Росем се обидел да објасни како се случила бизарната грешка.

„Колку што разбрав, имала лажица со себе, во близина, и претпоставувам дека на полицаецот му било сомнително тоа. Девојката тврдеше дека не се работи за остатоци од наркотици“, рече тој.

Приказната покренала нова дебата на мрежите, а многумина се збунети од инцидентот.

„Секој полицаец што меша сос од шпагети со мет треба да биде отпуштен“, напишало едно лице.

„Ќе почнам да носам лажица со сушен остаток од јогурт и да чекам да ме уапсат. Неколку дена затвор за голема парична отштета. Може“, додаде друг.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ