Како што информираат денеска организаторите, и на овој настан се докажало дека жените се побројни корисници на велосипеди во споредба со мажите.
-Бајкери имаше од повеќе здруженија од цела држава, но и голем број поединци. Се надеваме дека по ова прво издание, „Вевчанска Локва- голина" како настан ќе прерасне во традиција. Отсекогаш жените биле поголеми корисници на велосипед во споредба со мажите, па и на овој настан учествуваа голем број жени кои успешно искачија голема елевација, до Вевчанска Локва, информираат oд тимот на Рупикапра МТБ Струга.
Целта на настанот, додаваат, била промоција на планинскиот велосипедизам и потенцијалот за еко туризам кој го нуди планината Јабланица, а учесниците уживаале во природните богатства и знаменитостите на планината и споменикот на природата Вевчански извори. /МИА