Во преден план е девојка која ги преминува шините, но не го забележува возот кој на крајот ја удира и ја прегази. Локалните медиуми јавуваат дека таа преживеала, со само полесни повреди.
Инцидентот се случил во средата на 6 ноември, а мајката на девојчето изјавила дека „преживеала со чудо“, додавајќи дека машиновозачот не е виновен.
Гледајќи го видеото, изгледа дека девојката не го слушнала електричниот состав, а работите станале појасни по информацијата дека носела слушалки, пренесува Дејли Мејл.
„Научи лекција за живот. Слушалките останаа таму, на шините. Имаме голем пар слушалки, ѝ реков да седи дома и да слуша музика“, рекла мајката.
Девојката имала среќа што непосредно пред инцидентот возот забавил, па ударот бил драстично помал.
„Да тргнеше со полна брзина, таа ќе беше разнесена на парчиња. Така ѝ реков“, открила мајката.
По несреќата жртвата била пренесена во болница, но не се прецизирани информации за нејзината состојба. Локалното обвинителство покренало истрага.