Во кафезот ги гледаме Сергеј Причинич (48) и мечка тренирана да вози „ховерборд“. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.
Мечката по име Донат скокнала врз човекот и го соборила на земја. Изгледа го гризеше стапот што го држеше Причинич.
Публиката шокирано ја гледала сцената, а по неколку моменти мечката се смирила и се сокрила.
Некои медиуми објавија дека дресерот бил пренесен во болница, но челниците на циркусот тоа го демантирале, пишува Дејли мејл.
„Кон крајот на точката, мечката го нападна тренерот, но тој не пружи отпор. Чекаше животното да се смири, стана и продолжи понатаму. Сѐ заврши со бакнеж, а претставата се одигра до крај“, изјави Никита Михајлов.
Тој додаде дека Причинич и мечката не се повредени.
„Животните се однесуваат поинаку, можеби нешто не им се допаѓа, можат да ги изразат своите емоции на различни начини. Тренерите го разбираат тоа“.