Неодамна на профилот на Инстаграм dein_papagei е објавено дека во едно пристаниште во Индонезија е уапсен шверцер на птици, бидејќи на патнички брод се обидел да пренесе дваесет какаду папагали (Cacatua sulphurea).
Шверцерот ги настискал сите птици во мали пластични шишиња за вода.
Ретките птици во овие мали шишиња биле полумртви кога ги извлекле: пердувите им биле валкани и лепливи додека минувале од рака на рака на пат до локалните пазари или меѓународните мрежи за нелегална трговија, за да ги продаваат како домашни миленици. А што друго може да се каже по информацијата дека од 23 какаду запленети во шишињата за вода, преживеале само пет.