Припадник на Кралската гарда на коњ секогаш стои како стражар пред зградата, па посетителите се мачат за да ја направат најдобрата можна фотографија.
Од друга страна, животното не е секогаш расположено за гужви и фотографирање, па агресивно ја врти главата и „гризува“ некоја љубопитна личност.
Сепак, тоа не ги спречува туристите да се зближат и да се фотографираат како спомен, пренесува Daily Mail.
Дали споменавме дека сѐ се случува пред знакот: „Внимание. Коњите можат да клоцаат или гризат“?
Во последниот инцидент, туристка му пришла на коњот, и тој ја гризнал за рака. Жената почнала да плаче, а кога и пришле случајни минувачи и ја погледнале повредата, таа изгубила свест.
Во меѓувреме некој ја алармирал полицијата за инцидентот, па и тие дошле да видат што се случува.
И така, додека се обидувале да ја освестат жената - додека лежела на тротоарот, на само неколку метри, нова група туристи се подготвувала да се фотографира.