Меѓу купот долари пронашол банкнота со необичен сериски број и решил да ја стави во џеб. Малку подоцна можело да остане без неа, но среќата била на негова страна.
Вестфал изјавил за локалните медиуми што се случило откако од машината извадил банкнота од 1 долар со сериски број G00000001I.
„Поседувам неколку машини и секогаш внимавам кога ги празнам. Ја ставив бакнотата во џеб, а малку подоцна еден пријател ме замоли да му го позајмам камионот. Се согласив и го замолив да наполни гориво. Ги извадив парите и сфатив што може да се случи“, рече тој.
Вестфал за малку ќе му ја подарел на својот пријател банкнота со необичен сериски број, за што сигурно би зажалил, пренесува Newsweek.
Решил да дознае повеќе и на интернет нашол многу информации. Тогаш сфатил колку навистина вреди банкнотата. Излегува дека уникатните сериски броеви на американската валута долго време ги фасцинирале колекционерите.
„Банкнотата од еден долар со ознака G00000001I може да биде исклучително вредна. Редок е број што започнува со повеќе нули. Кој знае, можеби колекционерите би платиле 15.000 долари за тоа“, изјави Сурил Арелано, еден од поранешните директори на IBM.
Вестфол признава дека не знае колку би можела да вреди банкнотата. За време на неговото истражување, тој открил дека слични примероци се продаваат за 25.000 долари (околу 24.000 евра).