Со новите правила на патниците ќе им биде дозволено да носат течност или гел до 100 милилитри, спакувани во проѕирна пластична кеса со максимален волумен од еден литар. Лековите и течната храна за бебиња се исклучени од новите правила.
Безбедносните правила за течности и гелови првпат беа воведени во 2006 година. Правилата беа олеснети на некои аеродроми каде што багажот можеше да се провери со помош на скенери. Но, повторно воведувањето на поригорозни мерки е поради тоа што ЕУ се сомнева во веродостојноста на новите скенери.