Неговите пријатели го снимиле како скока од чамец, но смеата набрзо се претворила во крици.
Имено, штом младиот човек нурнал во морето, од длабочините ненадејно излета баракуда и го погоди во телото!
Камерата го снимила драматичниот момент, а патничката на бродот Меги Кларк објаснила дека младиот човек не бил повреден, пренесува USA Today.
„Би добил срцев удар“, напишал еден корисник на TikTok.
„Ова е урнебесно и застрашувачко во исто време“, додаде друг.
Како што изгледа, баракудата исчезнала во длабочините, а забавата можела да продолжи.
Баракудите (Sphyraenidae) се сметаат за жестоки предатори кои се потпираат на изненадување и брзи реакции. На самиот старт достигнуваат брзина од над 40 km/h.
Повеќето од овие предатори се долги до еден метар, иако се забележани и поголеми примероци. По изглед, тие личат на змии, со истакнати остри заби, слични на пираните.