Норвешкиот крал Харалд V (87) и неговата сопруга Соња (87) почнаа процедура за организирање на нивните државни погреби.
– Дворот ја започна организацијата во соработка со кралот и кралицата и во согласност со традицијата, се наведува во соопштението објавено од норвешките медиуми.
Најстариот крал во Европа и неговата сопруга треба да добијат 20 милиони норвешки круни (околу 1,7 милиони евра) од државата за саркофазите, кои се поврзани со актуелниот предлог-буџет на парламентот.
Понатаму се вели дека кралската двојка сака да дизајнира свои ковчези. Дедото на норвешкиот крал Хакон VII почива во мермерен саркофаг, додека кралот Олав V избра бронзен саркофаг. Кралската двојка ќе почива како нивните предци во кралскиот мавзолеј на тврдината Акершус во Осло. Сè уште не го избрале ковчегот.
Иако изгледа бизарно, практиката монарсите сами да организираат свои погреби не е невидена во Европа. Така, на пример, британскиот принц Филип (сопругот на кралицата Елизабета) го планирал својот погреб. Посебно внимание обрнал на автомобилот Land Rover Defender TD5 130, изработен по нарачка, кој го возеше ковчегот со телото до капелата.