Ова е пораката објавена заедно со виралниот клип, кој „собра“ повеќе од шест милиони прегледи на мрежите.
Непознат шегаџија закачил костим на духо на дронот и решил да напаѓа луѓе ноќе. Покрај тоа, се слуша смеа како од хорор филмови.
Гледаме сенишна фигура како лета и ги плаши мажите и жените. Сите жртви реагираат исто - бегаат!
This is the best use for of a drone I've ever seen 😭 pic.twitter.com/i8yRD9Pj0m
— internet hall of fame (@InternetH0F) September 1, 2024
Многу корисници го пофалија непознатиот шегаџија за неговата креативност, пренесува Times Now News.
Од друга страна, има и такви кои изразија загриженост за високиот ризик.
„Ова е сурова шега на нечија сметка. Да претпоставиме дека жртвата имала срцев удар, некаква повреда... Размислете пред да направите нешто вакво“, напишала една личност.
Поединци се сомневаат во автентичноста на снимката.
„Треба да го слушнат дронот пред да го видат духот. Мене ми изгледа наместено“.