Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Италијанска бизнисменка прегазила Алжирец, кој ѝ ја украл чантата: Беше во самоодбрана

12 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Мажот починал, јавуваат италијанските медиуми.

Претприемачката моментално е во домашен притвор, а нејзиното сослушување се одржало утрово во затворот во Пиза. Обвинителите бараат жената да оди зад решетки, пренесе РАИ.

Италијанските медиуми пишуваат дека Дал Пино со својот теренец Мерцедес неколку пати го удрил Алжирецот и со возилото го „смачкала“ на прозорецот откако ѝ ја украл чантата и ја нападнал. Таа потоа излегла од автомобилот, ја зела чантата и тргнала, оставајќи го мажот да умре.

„Сакав да си ја вратам торбата, а не да убивам“,рекла 65-годишната жена пред истражниот судија. Таа рекла дека чантата му ја дала на Алжирецот откако тој ѝ се заканил со нож. Локалните медиуми неофицијално дознаваат дека кај мажот не било пронајдено оружје.

Жената му рекла на судијата дека не повикала полиција бидејќи во украдената чанта ѝ бил мобилниот телефон. Инаку, Дал Пино со својот сопруга со години управува со базенот Бањо Милано во Виареџо во Тоскана.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ