Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

„Град на духови“ во Турција: Жителите го напуштиле пред 100 години, го голта природата (ВИДЕО)

16 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Денес е туристичка атракција, но и потсетување на мрачните настани од минатото, објави Дејли Стар.

Во Кајакој може да се видат љубопитни туристи, фасцинирани од дотраените градби кои природата сѐ повеќе ги покрива со зеленило.

Порано бил препознатлив по тесните улички и фонтаната во центарот. Имал две цркви, додека од врвот на ридот - каде што се наоѓа, се гледа спектакуларен поглед на Егејот.

Одејќи по калдрмата, посетителите можат да го почувствуваат духот на градот во кој живееле најмалку 10.000 грчки православни христијани и го споделувале секојдневниот живот со турските муслимански фармери од регионот.

До 19 век, Кајакој станал културен центар со архитектура која комбинирала различни стилови, пренесува The Sun.

Сепак, ескалацијата на тензиите по Грчко-турската војна, која завршила во 1922 година, доведе до тоа двете нации да одлучат да ги протераат луѓето кои немале никакви врски со нивната земја.

За Кајакој тоа значело присилна размена на локалното население со Турците муслимани кои живееле во Кавала.

Но, новодојдените муслимани, наводно, биле незадоволни од нивниот нов дом, бидејќи теренот и климата го сметале за негостопримливи, па продолжиле понатаму.

Мал број од жителите, кои престојувале до денес, имаат средби со туристите и раскажуваат приказни за настаните кои ја обликувале судбината на Кајакој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ