Една ескорт дама од Квинсленд ги открива петте главни причини зошто оженетите мажи плаќаат 1.500 долари на час за да имаат секс со неа додека нивните сопруги и деца се дома.
Бони Блу (25), сексуална работничка и ѕвезда од филмовите за возрасни, вели дека никогаш не ги осудува оженетите мажи затоа што ги бараат нејзините услуги, но ги обвинува нивните сопруги дека „премногу стенкаат“ и „не знаат како да ги задоволат своите сопрузи“.
Истакнува дека и се допаѓа „слободата и флексибилноста“ на нејзината работа, заедно со парите. Таа наплаќа 1.500 долари (1.370 евра) на час или 7.500 долари (6.880 евра) по ноќ.
Бони тврди дека нејзиниот просечен дневен приход е 20.000 долари (18.370 евра), додека во шпиц периоди може да заработи и до 50.000 долари (45.920 евра) дневно. Минатата година заработила над 2 милиони долари (1.836.960 евра).
Една вообичаена тема е дека многу нејзини клиенти се во врски и плаќаат за секс. Најмалку еден од тројца луѓе кои доаѓаат кај неа е оженет маж.
<b>Бони ги открила петте главни причини зошто оженетите мажи и плаќаат за секс:</b>
1. Нивните сопруги „премногу стенкаат“ и не знаат како да ги задоволат своите сопрузи;
2. Сакаат да си го одвлечат вниманието од стресот на секојдневниот живот;
3. Сакаат малку возбудување бидејќи им е здодевно да спијат со иста личност;
4. Фантазираат да спијат со порно ѕвезда.
5. Сметаат дека Бони е пожешка од нивните сопруги.
Бони рекла дека многу оженети мажи ќе ѝ се доверат за проблемите што ги имаат со своите сопруги дома, нудејќи ѝ единствен увид во причините заради кои воопшто би можеле да ги побараат нејзините услуги.
- Мажите често ми раскажуваат за нивните бракови, рекла таа.
Бони е по потекло од Дерби во Велика Британија, но се преселила на сончевиот Златен брег пред три години.