Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Драма поради лајкови:Девојка се наведна од воз во движење и удри во столб(Вознемирувачко видео)

16 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Државната служба известува дека 19-годишната Ф.Р. сакала да сними видео на TikTok кога имала несреќа. Подоцна била пренесена во болница и се здобила со полесни повреди.

Во видеото гледаме како девојката се наведнува од вратата на возот во движење, но не го забележала столбот покрај пругата кој ја удрил во глава.

Таа се занесе и остана на скалите, но на снимката од надзорната камера се гледа дека момент подоцна паднала надвор.

Од државната железница известуваат дека возот се движел со мала брзина, пренесува Newsflare.

„Патничката се здобила со полесна повреда на прстот, набиеници и отоци. Имала главоболка, а рендгенот покажал дека нема внатрешни повреди. Лекарите ѝ дозволија да се врати дома“, беше соопштено.

Властите ваквото однесување го сметаат за „непромислено и крајно несоодветно“.

„Ваквите работи може да доведат до сериозни несреќи што ќе резултираат со инвалидитет или смрт.“

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ