На седницата одржана на 4 октомври 2024 година, Комисијата за хартии од вредност донесе Решение за одобрување на објава на Проспектот за отворениот инвестициски фонд „НЛБ Обврзници“, управуван од <a href="https://www.nlbfondovi.mk/">НЛБ Фондови</a> АД Скопје.
Со овој повик, ги информираме домашните и странските инвеститори за можноста за вложување во фондот, кој инвестира во државни и корпоративни обврзници и други инструменти со фиксен доход.
Сопственици на удели во новиот фонд можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори, кои сакаат да вложат средства на период до 3 години и да остварат атрактивен принос.
Информациите поврзани со новиот фонд, а и неговиот Проспект, се достапни на официјалната веб-страница на Друштвото за управување: <a href="https://www.nlbfondovi.mk/">www.nlbfondovi.mk</a> .