<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Директорот на
Царинската Управа Бобан Николовски се сретна </span>со тимот на Мисијата на
Светска банка за <span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">п</span>роектот за
олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.
На состанокот беше истакнато дека имплементацијата на новиот
систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички што треба да
придонесе за сузбивање на криминалот и олеснување на легалната трговија е во
завршна фаза и наскоро ќе биде ставен во функција. Воедно интензивно се работи
на проектите за реконструкција и надградба на граничните премини Деве Баир и
Ќафасан.
"Царинската управа под мое раководство ќе биде посветена на
начин што проектите ќе се имплементираат со највисок степен на квалитет, при
што пред спроведување на истите ќе се пристапува кон целосна анализа се со цел
истите да резултираат со испорачување на ветените и очекуваните резултати“,
вели Николовски.