Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Зукорлиќ: Исламофобијата во Србија беше на најниско ниво до моментот на нападот

8 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Министерот без ресор во српската Влада, задолжен за помирување, регионална соработка и социјална стабилност, Усаме Зукорлиќ, денеска изјави дека исламофобијата во Србија била на најниско ниво до моментот на нападот врз жандармите пред израелската амбасада во Србија, пренесе Бета.

Зукорлиќ во изјава за белградски медиуми нагласи дека Србија е специфична затоа што одамна не се сретнала со екстремизам од тој вид.

Тој апелираше до граѓаните дека нема причина да се плашат од муслиманите, „бидејќи тие се составен дел од оваа земја и се грижат да придонесуваат, да се развиваат, да живеат, особено во местата каде што се мнозинство“. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ