Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Вучевиќ-Мандиќ: Србите го зачуваа својот национален идентитет во Црна Гора

22 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денес по средбата со претседателот на Парламентот на Црна Гора Андрија Мандиќ во Белград изјави дека пописот на населението во Црна Гора е внатрешно прашање, но дека е важно да се истакне како Србите го зачувале својот национален идентитет, јави дописникот на МИА од Белград.

-Горд сум на српскиот народ во Црна Гора, изјави Вучевиќ, се наведува во соопштението на Владата на Србија.

Како што се наведува, Вучевиќ истакнал дека Србија секогаш ќе инсистира на почитување на правата на српскиот народ во согласност со европските стандарди, како што тоа го прави во комуникацијата и со другите земји.

-Црна Гора е земја која низ историјата немала никој поблизок од Србија. Зад нас се годините на вештачки создадени поделби, а пред нас се деновите на ново поглавје во односите меѓу двете земји, додаде тој.

Премиерот посочи дека Србија и Црна Гора имаат добри економски односи и размена на стоки и услуги и изрази подготвеност да работи на подобрување на односите меѓу „двете братски и пријателски земји“.

Вучевиќ истакна дека се надева дека наскоро во Белград ќе го види црногорскиот амбасадор, што ќе промовира подобри односи и соработка.

Соговорниците се согласија за важноста на големите инфраструктурни проекти како што се завршување на автопатот и реконструкција на пругата Белград-Бар, како и искористување на целосниот потенцијал на пристаништето Бар.

Според соопштението на српската влада, првиот спикер на црногорското собрание, Андрија Мандиќ оцени дека е од голем интерес Црна Гора да има најдобри односи и соработка со Србија.

На последниот попис во Црна Гора, 41,1 отсто од граѓаните се изјасниле како Црногорци, а 32,9 отсто Срби, српскиот бил мајчин јазик за 43,2 отсто од населението, а црногорскиот за 34,5 отсто./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ