„Прогонот, затворањето, сквернавењето на светите места, конфискацијата на црковниот и манастирскиот имот се брутални дејствија. Тие стануваат уште побрутални кога ги наметнуваат законодавните тела на демократските земји. Законот , неодамна донесен од украинскиот парламент очигледно има за цел да ја укине канонската украинска православна црква“, се наведува во соопштението на светиот синод на албанската православна црква.