Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Страшна сцена покрај популарен грчки остров: Уживал во суфање и налетал на безживотно тело

13 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Уживал во брановите кога оддалеку здогледал безживотно тело како лебди во водата. Тој веднаш ги известил властите, а на местото прва пристигнала крајбрежната стража.

„Носеше облека како сурфер, па веројатно се занимаваше со некакви спортови на вода. Во тој дел водата беше чиста и плитка. Бев шокиран, бидејќи вакви работи гледам само на телевизија“, изјавил Балцис.

На местото на инцидентот пристигнала и екипа на брза помош, а локалните медиуми јавуваат дека жртвата се уште не е идентификувана, пренесува The Sun.

Никој од островот не бил пријавен за исчезнат кај властите, а се проценува дека телото било во вода повеќе од една недела.

Истрагата подоцна покаќала дека станувало збор за 26- годишен палестинец, мигрант, кој се удавил во водите во близина на островот Кос.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ