-На конкурсот учествуваа 274 кандидати, а врз основа на проценка избрани се 48. Изборот е направен врз основа на конкурентност, стои во објавата на министерството во која се наведени и нивните имиња.
Ова е последователна реорганизација на полициските комесаријати, по доаѓањето на Илир Прода за генерален директор на албанската полиција на почетокот на октомври.
-Сите избрани директори и началници го поминаа процесот на проверка - ветинг, како и други неопходни проценки. Порачувам дека треба да бидат на ниво на нивната должност и тие и сите полициски службеници треба да разберат дека е крај на неодговорни полициски раководители и сите вработени, порача Ервин Хоџа, министер за внатрешни работи.
Хоџа на чело на МВР дојде на крајот на јули а на почетокот на октомври за нов генерален директор на албанската полиција го назначи Прода.