Тие се меѓу петте мажи, сите на возраст меѓу 35 и 69 години, кои тешко се разболеле веднаш откако го конзумирале детергентот.
Инцидентот се случил во луксузен хотел во селото Гувес, Крит, во раните утрински часови во саботата додека групата се забавувала со персоналот во барот.
Двајца Британци, еден Германец и двајца Холанѓани нарачале ципура, односно цикудија, традиционален критски пијалок.
Шанкерката им послужила течност од шише кое го нашла во фрижидерот.
Си сипала и чаша за себе, но немала време да ја испие бидејќи гостите на хотелот се чувствувале лошо, пишува Метро.
Сите петмина се итно пренесени во болница, каде што се сместени на одделението за интензивна нега.
Четворица од нив се префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде се интубирани и дишат преку апарати.
Во меѓувреме, петтото лице кое се здобило со оток на гркланот, итно е префрлено на одделението за интензивна нега во болницата Венизели.
Локалните медиуми објавија дека менаџерот на хотелот бил уапсен додека полицијата започнала истрага за тоа што се случило.
Во меѓувреме, течноста е запленета и ќе биде проверена од надлежните, но прелиминарните испитувања покажале дека се работи за детергент за чистење.
Локалот исто така е затворен додека се спроведува истрага и повикани се локални служби за здравје и безбедност.