Манастирот Есфигмен на Атон повторно е под полициска опсада:
o<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">рганите</span> на редот се
обидуваат да иселат монасите кои се одвоиле од <span lang="MK" style="mso-ansi-language:
MK">од Вселенската патријаршија.</span> 118-те од нив кои се забарикадирале
внатре велат дека ќе се спротивстават и ќе се жртвуваат самите себе<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"> доколку е потребно, пренесуваат
<a href="https://www.espreso.co.rs/svet/planeta/1474193/monasi-se-zabarikadirali-u-manastiru-sveta-gora">регионалните медиуми</a>.</span>
Според извештајот што го објави грчкиот портал Pronews, пред
манастирот има стотици полицајци со возила и се очекува наредба да се започне
рација и да се иселат монасите.
Како што се наведува во текстот, станува збор за монаси кои
се таму од 1972 година и кои зазеле остар став кон влијателните патријарси и ги прекинале сите контакти со Вселенската патријаршија поради,
меѓу другото, средбата на Вселенскиот Патријарх со римскиот папа. Вселенскиот
патријарх, инаку, има духовна јурисдикција над Света Гора, која ужива посебен
вид на автономија во православниот свет.
Откако се одвоија од Вселенската патријаршија, на манастирот виси транспарент со натпис „Православие или смрт“, паролата по која станаа познати. Братството се смета за нелегално од 2002 година, а во меѓувреме е избрано ново братство на Есфигмен, кое повеќе од 20 години не може да влезе во сопствен манастир.
Во оваа последна полициска интервенција, органите на
прогонот побараа дозвола од манастирската управа на Света Гора да влезат на
територијата на Света Гора со своите возила и силни полициски сили за да го
евакуираат манастирот.
Порталот ги пренесува зборовите на старецот Методиј од
Есфигмен, кој вели дека „подготвени се до смрт да го бранат манастирот“.
Методије, кој беше осуден на 18 години затвор за слична
опсада во 2013 година, за локалните медиуми изјави дека „во случај на полициска
акција, нема да стоиме со скрстени раце“.
ФОТО: Архива