Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Невремето во Далмација остави пустош зад себе: Вода во куќите, подогнат асфалт, уништени плажи

29 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Над 50 литри дожд на метар квадратен наврнале во областа на Новиградско и Каринско, а неофицијалните мерења покажуваат дека локално наврнале дури околу 90 литри на метар квадратен.

„Материјалната штета ќе се утврдува во текот на следните неколку дена. Во Новиград оштетени се патишта и приземни делови од станбени згради. Обилните врнежи ги активираа сите потоци, Новиградската драга и подземните извори кои избија од домовите на луѓето“, соопштија Јосо Клапан, градоначалник на општина Новиград.

Тој додаде дека поради дождот се поплавени многу таверни и подруми на куќи. „Огромна количина на вода се спушти од ридот. Имаме многу проблеми, им помагавме на луѓето колку што можевме“, истакна тој. Поради два одрони блокиран е патот на влезот во Новиград.

Силен дожд вчера од рано наутро врнеше и во областа Обровац, предизвикувајќи поројни поплави, а најмногу настрадаа Крушево и Меке Драга, потврди началникот на Цивилната заштита на Град Обровац, Слободан Јурјевиќ. Во Мека Драга поројот го кренал асфалтот, ја уништил плажата.

„Денот изгледаше прилично хаотично. Почна да врне рано наутро, а по еден час почнаа повиците. Водата почна да навлегува во домовите на луѓето. Веднаш ги вклучивме нашите доброволни противпожарни бригади, тие излегоа на терен и испумпаа вода каде што можеа. Имаа вкупно 17 интервенции“, изјави Јурјевиќ за ХРТ.

Тој потврди дека ситуацијата се нормализира. „Се обидуваме да им помогнеме на луѓето, ќе се обидеме да обезбедиме сушари и да ги дезинфицираме подрачјата што беа поплавени“, рече тој.

„Општо е познато дека сиот дожд што паѓа во горните делови на Крушево, дождовницата се спушта кон најниските точки, а тоа е Мека Драга. Таа вода ја добија сите крајбрежни места. Ќе се обидеме да ги анализираме причините, да предвидиме некои работи и во оваа смисла бараме решенија. Се надеваме дека ваквите работи нема да се повторат“, продолжи тој.

Крушевчани не паметат вакви поплави. "Имам 73 години и за толку години не сум доживеал ништо. Природата е создадена од луѓето, можеби ја допираме премногу и се случи тоа што се случи", вели еден локален жител.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ