Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Дачиќ: Сигурно е дека ќе имаме поддршка од Кина во ОН во однос на Косово

14 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, изјави денеска во Хонг Конг, сумирајќи ја посетата на Народна Република Кина, дека ги информирал властите на во Пекинг „за теророт што се врши врз српскиот народ на Косово“ и ја истакна важноста од поддршката на Народна Република Кина во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ги запознав со моменталната ситуација и теророт што се врши врз српскиот народ и непочитувањето на сите меѓународни договори што ги постигнавме, што ја става Србија во многу тешка позиција во смисла дека Србија и веруваше на меѓународната заедница. дека ќе стои зад својот потпис. Во таа насока, потребна ни е и многу важната поддршка од НР Кина во ОН и сигурно е дека ќе ја имаме нивната поддршка, посочи министерот и додаде дека меѓусебната поддршка е многу важна за прашања кои се важни за двете земји, како што е територијалниот интегритет и дека Народна Република Кина е многу благодарна на позицијата на Србија, како и што Србија е благодарна на Народна Република Кина за поддршката кога станува збор за Косово.

Министерот Дачиќ истакна дека Србија и српскиот народ на Косово се наоѓаат во многу тежок период и дека целосно ги поддржува ставовите и пристапот што ги истакна претседателот Вучиќ во своето вчерашно обраќање./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ