Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ синоќа одобрија затворање на три поглавја од преговорите со Црна Гора, а четвртото, за кое земјата беше подготвена, нема да биде затворено поради противењето на Хрватска, објави <a href="https://www.index.hr/vijesti/clanak/hrvatska-crnoj-gori-blokirala-zatvaranje-jednog-poglavlja-na-putu-za-eu/2624189.aspx#google_vignette">Индекс.хр.</a>
Меѓувладината конференција за пристапување, на која Црна Гора ќе ги затвори трите поглавја – право за интелектуална сопственост, информатичко општество и медиуми и претприемништво и индустриска политика – ќе се одржи во понеделник на 16 декември.
Црна Гора беше технички подготвена да ги затвори четирите поглавја, но Хрватска беше против затворање на поглавјето за надворешна, безбедносна и одбранбена политика.
Минатиот месец Хрватска испрати нон-пејпер (неформален дипломатски документ) до Црна Гора, во кој бара решавање на неколку отворени прашања кои им штетат на меѓусебните односи на двете земји.
Во тој документ, според дипломатски извори, се наведува дека двете земји треба да ги решат прашањата за сопственоста на училишниот брод Јадран, меѓусебната демаркација, гонењето на воените злосторства, потрагата по исчезнати лица, како и прашањето за името на градскиот базен во Котор, кој го носи името на поранешниот ватерполист Зоран Гопчевиќ, за кој Хрватска тврди дека бил чувар во логорот Морињ.
Новата методологија на пристапните преговори, усвоена на почетокот на 2020 година, предвидува наместо поединечни поглавја, да се отворат неколку од нив, кои се поврзани во шест кластери, односно шест тематски целини, додека кога се затвораат поглавјата, тие сè уште се затворени поединечно.
<a href="https://vecer.mk/balkan/bugarija-ne-ja-blokira-samo-makedonija-ja-blokira-i-srbija-ama-zoshto">Бугарија не ја блокира само Македонија, ЈА БЛОКИРА И СРБИЈА, АМА ЗОШТО?</a>