Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

19-годишник со нож уби 7-годишно дете, ранети 6 деца и учителка во основно училиште во Загреб

20 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

19-годишник со остар предмет повреди наставничка и рани 6 деца во загребското основно училиште „Пречко“. Едно дете им подлегна на повредите.

Напаѓачот набрзо е уапсен и се наоѓа под полициски надзор.

Министерто за внатрешни работи Давор Божиновиќ попладнево изјави дека деветнаесет годишниот напаѓач бил поранешен ученик во истото училиште и моментално живеел во негова близина. Насилникот бил совладан десет минути по пријавувањето на настанот и според информациите на полицијата имал психички нарушувања, дури и пред околу една година полицијата го спречила да изврши самоубиство, изјави Божиновиќ-министер за внатрешни работи на Хрватска.

-Тој си нанел и почнал да си нанесува повреди, исто така со нож. Се сокрил во блиските простории на Здравствениот дом. Полицијата го спречила да се самоубие, кажа министерот,-изјави Давор Божиновиќ-министер за внатрешни работи на Хрватска.

Минисерката за здравство Хрстиќ, изрази сочувство до семејството на починатото дете, а за повредените рече дека се пренесени во болница и во моментот сите се надвор од животна опасност.

Директорката на болницата Клаиќ потврди дека утринава биле донесени две момчиња на 7 и 11 годишна возраст со бројни убоди , но дека и двете се надвор од животна опасност.

Премиерот Андреј Пленковиќ на почетокт на владината сендица изрази жалење до семејствата на повредените деца.

„Згрозени сме како и целата хрватска јавност, за големата трагедија која утрово се случи во основното училиште „Пречко“ во Загреб. Изразуваме сочуство и жалење до родителите на повредените деца во Основното училиште во Пречко.  Кога ќе иамаме повеќе информации, секако дека ќе информираме“-Андреј Пленковиќ, Премиер на Хрватска.

Според министерството за внатрешни работи трагчичниот настан се случил утринава околу 9:50 часот, а медиумите известуваа дека децата од ОУ Пречко кои заминувале на појадок виделе крв низ ходникот и млад човек како тепа момче, при што настанала паника и почнале да бегаат.

19-годишникот влегол кај децата од прво одделение, каде и ги нападнал со нож. Допрва ќе се утврдуваат мотивите за ужасот кој се случи во основното училиште во загреб

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ