Кога во Карабао Купот губеше со 1:2 од Тотенхем, Пеп Гвардиола се смееше, исто и Халанд и сите играчи на Сити. Веројатно си мислеа дека е добро што сега ќе имаат некој меч помалку за играње во сезоната.
Сепак ретко кој помислуваше дека тој меч, тој пораз ќе биде почеток на една невидена и катастрофална серија од пет порази во исто толку мечеви.
Ова на Пеп за првпат му се случува, ова за него е катастрофа а дното Пеп и “граѓаните“ го допреа вечерва со домашниот пораз од Тотенхем со 0:4.
Зарем е можно толку Родри да недостига?
Ова е серијата на порази на Пеп:
Тотенхем (Карабао Куп) 1:2, Борнмут (ПЛ) 1:2, Спортинг Лисабон (ЛШ) 1:4, Брајтон (ПЛ) 1:2, Тотенхем (ПЛ) 0:4.
Пет од пет, ама порази…