Легендарниот
македонски фудбалер Горан Пандев, на гостувањето во Дејли Клик на ТВ21 ги
објасни причините зошто прифати да биде дел од новото раководство во
Фудбалската федерација на Македонија, на чие чело од пред неколку дена е Масар
Омерагиќ.
Горан
Пандев во иднина ќе ја извршува функцијата спортски директор на
репрезентацијата.
„Прифатив
да бидам дел од новото раководство на ФФМ, за да го вратиме фудбалот. Со новиот
претседател Масар Омерагиќ имаме исти идеи, и имаме луѓе кои ќе придонесат да
се подигне нивото на фудбалот. Ова е работа нова за мене, ќе ми треба време да
се навикнам, но борец сум по природа, и се надевам дека брзо ќе се адаптирам“,
рече Пандев и додаде:
„Време е да
се мрднат работите од мртва точка. Во изминатите години фудбалот падна на многу
ниско ниво, особено клупскиот. Мислам дека со нашето доаѓање ќе ставиме врвни
селектори на младинските категории, и ќе ја пополниме таа дупка која се
создаде“, кажа
Тој кажа дека му
замерил на тогашниот претседател Муамед Сејдини што не му го продолжил
договорот на тогашниот селектор Игор Ангеловски.
„Најголема
замерка кон Сејдини ми е што не го продолжи договорот со Ангеловски. Не сум
зборувал на таа тема, јас како што знам сакаше да го смени и пред Европското
првенство. Јас бев капитен тој период, играч кој ја предводеше таа генерација,
и цела репреенација застана зад селекторот, затоа што ќе беше жално да не ја
предводеше селекцијата на ЕП. Ако беше нормална држава или федерација ќе му се
продолжеше договорот на селекторот“, изјави Пандев.
Исто така додаде
дека нема ништо против сегашниот селектор Милевски.
„Националниот тим
е светост и теренот е показател за се. Немаме ништо против Милевски, против
селекторот, но резултатите во еден момент не беа на нивото, а атмосферата беше
разрушена. Јас пак ќе кажам дека оваа генерација на Македонија беше најдобрата
во историјата на македонскиот фудбал“, напомена Пандев.