Доцна попладнево во Дубаи се одржа престижната манифестација на доделување на наградите на најдобрите во светот за 2024 “Глоуб Сокер“.
Битката за најдобар фудбалер во светот ја доби Винисиус Жуниор, на кого ова му е уште една утеха по поразот за “Златната топка“ од Родри ако се знае дека Бразилецот во дресот на Реал беше прогласен за најдобар според ФИФА и пред неколку дена.
Ова се само дел од главните награди:
Ламине Јамал (најдобар млад играч), Џуд Белингем (најдобар играч за врска), Винисус Жуниор (најдобар напаѓач), Реал Мадрид (најдобар клуб), Карло Анчелоти (најдобар клуб), Кристијано Роналдо (најдобар фудбалер на Блискиот исток), Флорентино Перез (признание за успешна фудбалска и менаџерска кариера) кој беше наренчен и најдобар претседател на сите времиња.
Посебни признанија добија и Нејмар, Тибо Куртоа и Алесандро Дел Пјеро.