Денеска во Шпанија медиумите лиферуваат “бомба“ во најава. Како што се пренесува, една од трансферните цели во јануари или на лето бил Јошко Гвардиол, дефанзивецот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Хрватска.
Гвардиол оваа есен е далеку од посакуваната формам, впрочем како и сите во Манчестер Сити, но сепак јасно е дека Хрватот важи за еден од најдобрите стопери во светот.
Сепак, за да се дојде до него факт е дека на Реал Мадрид ќе му бидат неопходни големи финансиски средства. Не дека “кралевите“ немаат пари да му платат на Сити отштета за Гвардиол, туку поради начинот на кој што Дон Флорентино Перез ги одработува најчесто последните преодни рокови, а тој е ангажман на слободни играчи. А Гвардиола е под договор со “граѓаните“.