Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Рафа Леао сака да го напушти Милан, Барса е на готовс!

1 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Рафа Леао, веројатно најдобриот фудбалер на Милан во последно време не е на своето ниво. Посебно во опваа сезона откако на клупата на “росо-нерите“ седна Паоло Фонсека. Дека има тензии меѓу нив двајца говори податокот дека Португалецот не беше стартер во дербито со Наполи.

Како што пренесуваат медиумите во Италија, а и во Шпанија, Рафа Леао побарал од својот менаџер најдоцна во јуни да побара нов клуб иако тој со гигантот од Милано има договор до 2028 година.

По ова во Барселона го кријат фактот дека се на готовс и дека ако веќе Леао си оди од Милан, тие ќе сторат се што можат да го доведат во своите редови.

Инаку познато е дека во летниот преоден рок имаше шпекулации дека Португалецот би можел да ја засили Барса.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ