Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Овој човек е уникатен: Анчелоти запеа по победата (ВИДЕО)

9 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Со спектакуларен пресврт во финишот од мечот, Реал во Мадрид го совлада тимот на Баерн со 2:1 со головите на Хоселу и избори пласман во финалето на Лигата на шампионите каде против Дортмунд ќе се бори за трофејот.

Ќе се зборува и за одлуката за офсајд и за поништениот гол на Баерн во последните моменти од судиското надополнување, кој траеше речиси 15 минути, но мадриѓаните не се навраќаат на тоа.

Тие синоќа ја славеа големата победа на својот тим, а посебно внимание на социјалните мрежи привлече прославата на тренерот на Реал, Карло Анчелоти, кој на теренот заедно со навивачите и неговите играчи ја пееше химната на својот клуб.

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ