Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Мурињо: Се што сакам е правда, а и Пеп знае дека јас титулата ја освоив чесно!

10 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, ги коментираше неговите претходни зборови дека, за разлика од Пеп Гвардиола, кој го води Манчестер Сити, тој регуларно ја освои Премиер лигата, додека „граѓаните“ се обвинети за бројни прекршувања на финансиските правила.

„Јас и Пеп работевме во исто првенство три години. Се почитуваме. Не е дека сакам Манчестер Сити да биде исфрлен од Премиер лигата, туку сакам правда. Малите тимови понекогаш може да бидат казнети за надминување на лимитот за финансиски фер-плеј од 5 до 10 евра. Кога работев во Рома, исто така се мачев премногу поради слични ограничувања. Мислам дека тоа не е фер. Се почитуваме и тој тоа го знае. Зборовите се едно, личниот став е друго. Се што сакам е правда“, изјави Мурињо.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ