Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Мурињо и Конте не се во плановите на Баерн

29 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Баерн Минхен ги исклучува Антонио Конте и Жозе Мурињо од листата на кандидати за тренерската функција, објави новинарот Холцнер на својот Твитер профил.

Меѓу последните кандидати за жешкото столче во баварскиот гигант, која на лето ќе го ослободи досегашниот тренер Томас Тухел, е и поранешниот спортски директор на Локомотив Москва, Ралф Рангник.

Тој е меѓу алтернативите на Шпанецот Чаби Алонсо, кој успешно го води Баер Леверкузен, и е на добар пат да ги предводи своите момци до историска титула во Бундеслигата.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ