Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ливерпул ќе чека за новиот договор со Ван Дајк

15 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ливерпул планира да му понуди нов договор на дефанзивецот Вирџил ван Дајк. Актуелниот договор на Холанѓанецот истекува во летото 2025 година, раководството на клубот сака да го задржи 33-годишниот играч. Сепак, газдите не сакаат да брзаат и планираат да ги започнат евентуалните разговори за продолжување на неговиот договор на крајот на 2024 година, според „Фудбал инсајдер“.

Иднината на Ван Дајк беше предмет на многу шпекулации во последните месеци, особено поради неговиот истек на договорот. Неодамна и самиот призна дека се уште не добил понуда за продолжување. Се појавија и различни шпекулации за испраќање на играчот од „Енфилд“, најчесто поврзани со понуди од Саудиска Арабија, но засега ветеранот покажува лојалност и не размислува за раскинување.

Ван Дајк му се приклучи на Ливерпул од Саутемптон во 2018 година и брзо стана клучен играч за „црвените“. Има 270 настапи, 23 гола и 12 асистенции за клубот со кој ја освои титулата во Англија, Лигата на шампионите, ФА Купот, Лига купот двапати, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Во 2019 година ја доби и наградата за најдобар играч во Премиер-лигата, како и наградата на УЕФА за најдобар фудбалер во Европа.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ