Вчера во Бергамо во супер атрактивен и квалитетен меч, Реал Мадрид како гостин ја победи одличната Аталанта со 2:3. Иако домашниот состав, според шансите и играта не заслужи да загуби, сепак на крајот тоа се случи.
Ова за Лука Модриќ, легендарниот Хрват во дресот на Реал Мадрид беше 133 меч во Лигата на Шампионите, а дека е почитуван и респектиран посебно од неговите колеги од овие простори, доказ е видеото од неколку секунди по мечот во Бергамо.
Имено Сеад Колашинац, инаку фудбалер од БиХ и кој за Аталанта го одигра целиот меч, прво му честита на Лука а потоа и двајцата си имаа што да си кажат.
Убавии моменти од Бергамо а протагонисти се двајца Балканци.
Неколку секунди кои беа доволни со кои ги воодушевија фудбалските фанови од Балканот.
I think he wants Modric's shirt 😭 pic.twitter.com/8Ujjd4zjCI
— Salma (@salModric) December 10, 2024