Неверојатниот англиски репрезентативец во дресот на Челзи, Кол Палмер има постигнато 33 гола со 17 асистенции (50 учества во постигнат гол) на 48 меча во составот на Челзи во Премиер лигата. Овој статистички податок го сместува младиот офанзивец меѓу тројца фудбалери кои успеале ова да го направат пред него во едно од најсилните европски клупски натпреварувања.
Според статистичарите, до вакви бројки побрзо од играч од средниот ред на Челзи стигнале Ерлинг Халанд за Манчестер Сити и тоа на 39 натпревари, Енди Кол за Њукасл на 43 меча и Мохамед Салах за Ливерпул на 46 средби.