И повеќе од бизарна ситуација се случи денеска во Серија А за време на натпреварот Парма – Монца кој заврши со резултат 2:1.
Имено во 75.минута судијата покажа пенал за домашните. Адриан Бенедучјак си се намести, ја чекаше свирката на судијата и кога ја слушна го изведе пеналот и постигна гол.
Ама, тој судиски знак бил домашниот напаѓач да не шутира зошто од ВАР собата судијата добил знак дека ќе мора самиот уште еднаш да ја прегледа снимката. Тоа беше направено и место пенал беше покажан слободен удар. Јасно е дека разочарувањето кај домашните беше големо, сепак на крајот тие победија.
😱 Penaltı kullanılırken VAR kontrolü?
😭 Parma-Monza maçında ev sahibi penaltı kullanırken hakem La Penna, VAR kontrolü için düdük çalıyor. Adrian Benedyczak, penaltı için kullanma düdüğü olduğunu zannedip golü atıyor.
— Calcio Türkiye 🇹🇷🇮🇹 (@CalcioTurkey) December 28, 2024