Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Клоп пред неделното дерби: Најтешко е да играте против Јунајтед на „Олд Трафорд“

5 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во пресрет на големото англиско дерби в недела на „Олд Трафорд“, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, објасни зошто „црвените“ пред еден месец загубија од „црвените ѓаволи“ (3:4) во ФА Купот.

„Разговаравме за тоа по натпреварот – тие почнаа подобро, потоа ние поведовме и бевме навистина добри тој ден, но не можевме да го завршиме мечот како што треба. Добрата вест е што сега нема да имаме две продолженија од по 15 минути. Беше премногу за нас тој ден, повеќе не можевме да ја контролираме играта и правевме грешки кои претходно ги немавме направено. Јунајтед е најдобриот тим дома, тоа сите го знаеме. Но, фудбалот не е толку едноставен. Мора да најдеме начин да му зададеме проблеми на Јунајтед и тие ќе се обидат да го направат истото. На ова ниво, со таков противник, на таков стадион, подобро е да играме навистина добар фудбал ако сакаме да постигнеме нешто“, изјави Клоп.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ