На турнирот во кик бокс во Црна Гора се случија несекојдневни, непријатни сцени кои можеа да прераснат во инцидент од поголеми размери.
Имено, по завршувањето на мечот меѓу Нартан Мехмети и Лука Хербер, тренерот на Мехмети влегува во рингот и почнува да негодува и да си дофрла со противничкиот тренер.
Судијата Феѓа Трбоња во неколку наврати го моли да го напушти рингот, на што овој се спротиставува. Трбоња го удира со пехар во лице, по што реагира обезбедувањето и ги отстранува и Мехмети и тренерот.