Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Карагер: Салах не личи на себе!

25 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, а сега фудбалски стручњак Џејми Карагер ја коментираше формата на напаѓачот на „црвените“ Мохамед Салах.

„Салах изгледа како сенка на своето поранешно јас во поголемиот дел од оваа сезона, особено откако се опорави од повредата. Тој е легенда на Ливерпул, суперѕвезда, еден од најголемите играчи на сите времиња, но на натпреварот против Евертон, Мохамед не личеше на себе“, изјави Карагер.

Ливерпул во моментов има 74 бода и полека како да ја загубија битката за титулата со конкурентите Арсенал и Манчестер Сити.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ