Сер Џим Ретклиф одлучи да не именува нов спортски директор по неуспешниот експеримент и неочекуваното разделување со Дан Ешворт, кој на оваа позиција беше само пет месеци. Позицијата и должностите што се очекуваше да ги извршува Ешворт ќе бидат поделени меѓу Сер Дејв Брејлсфорд, кој е десна рака на Ретклиф, извршниот директор Омар Берада и техничкиот директор Џејсон Вилкокс.
Ешворт, кој претходно работеше во Њукасл, Брајтон, Вест Бромович и ФА, сепак може брзо да најде нова работа.
Според The Sun, голема е веројатноста да добие понуда од Арсенал. Лондончани бараат нов спортски директор по заминувањето на Еду, а Ешворт се покажува како неочекувана зделка. Според изданието, тој е во блиски односи со директорот на Арсенал, Ричард Гарлик, кој го води процесот за пронаоѓање на нов спортски директор. Двојката работеше заедно во Вест Бромвич Албион три години.
Евертон исто така е заинтересиран за Ешворт откако ќе го финализира процесот на промена на сопственоста во клубот.