Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Гвардиола: Нема да се откажам, порано или подоцна ќе се вратиме

28 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Pep Guardiola, manager of Manchester City of Manchester City during a training session at Manchester City Football Academy on December, 18 2024 in Manchester, England. (Photo by Tom Flathers / Manchester City FC)

Утре е на програмата новото коло во Премиер лигата, а секако центар на внимание ќе биде мечот на кој ќе настапува Манчестер Сити. Момците на Пеп Гвардиола ќе излезат на мегдан против екипата на Лестер и тоа на гости во почетниот термин од 15:30.

На денешната официјална прес конференција пред мечот, Гвардиола, повторно се наврати на огромните проблеми кои тимот ги има сезонава, тринесетте меча во серија со само една победа, и лошата позиција во ЛШ и Премиер лигата.

„Нема да се откажам. Сакам да бидам тука и да се борам. Не сакам да го разочарам мојот персонал, клубот, навивачите, воопшто сите луѓе кои го сакаат Сити. Сега ни претстои гостување во Лестер , каде секогаш било тешко, но играчите се подготвени. Продолжуваме понатаму. Понекогаш очекувате дека ќе биде лесно да се справите со тешкотиите, но понповредени играчи. Во тој случај дозволувате благ пад на нивото на играта, но не очекувавме да биде толку голем. Но, сепак го гледам духот меѓу момците и начинот на кој тие тренираат. Главната причина за проблемите сега е тоа што имаме 7-8 повредени играчи. Во тој случај дозволувате благ пад на нивото на играта, но не очекувавме да биде толку голем. Но, сепак го гледам духот меѓу момците и начинот на кој тие тренираат. Тие се фокусирани на нивните задачи. Нашиот успех се должи на тоа што секогаш сме сметале дека постигнатото не е доволно. И ние продолжуваме да се обидуваме да одиме напред. Затоа освоивме еден куп титули. Натпревар за три дена, победи, победи, победи… И така долги месеци и години. Сега треба да го сториме истото“ – изјави Пеп па поентираше. 

„Должност на сите нас е да се стремиме да ги задоволиме навивачите и да си ја вршиме работата. Претпочитав да не дојдеме до каде што сме сега, но така стојат работите. Се трудам да бидам максимално смирен, се трудам да ја разберам ситуацијата и да проценам што треба подобро да направиме во следниот натпревар. Ова ќе го побарам од овие играчи кога ќе се вратат по повредите“, изјави Пеп.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ